disable copy

Saturday, June 9, 2018

Eau de parfum Tiffany & Co.

Последен парфем кој ми остави многу силен впечаток: Eau de parfum Tiffany& Co.

Силен почеток на горните ноти на зелена свежина, која силно потсетува на цитрусна мандарина, а всушност е само екстракт од гранче на мандарина.

Долго се чувствува почетокот, кој иако избледува со развојот на мирисот, сепак е срамежливо и постојано присутен и во средината, која пак, е едноставна, и составена само од еден цвет - Ирис.

Добитна комбинација.

Впечатокот е подвлечен со постојаното присуство на заводливиот мошус, состојка која дава неодолив шарм штом еднаш се нанесе на кожата. Патчули е уште една состојка употребена во потписот на оваа креаторска куќа.

Штом дојдов во допир со овој мирис, неодоливо ме освои дизајнот на шишенцето, кое како да е анатомски создадено да се лизне во вашата дланка и да остане таму. Формата која потсетува на дијамант пак, од своја страна, дава неодолива елеганција и симболизира престиж. 

Тиркизната боја само го дополнува целото искуство, асоцирајќи на академски висини, морска смиреност и елеганција. 

Сигурна сум дека штом еднаш ќе се најде на вашиот рафт, долго време нема да го замените со друг.

Thursday, May 3, 2018

Пролет 2018 Eros Eau de Toilette Versace

Eros eau de toilette for women. Изненадува понудата на оваа линија. Успешната композиција на машкиот парфем, испровоцира женска линија со веќе два успешни парфеми Perfume и Eau de Toilette.

Ако сте во зенитот на летото, и морате да се носите со неподносливата горештина на силното сонце, сигурно секоја втора мисла ви е посветена на можните начини на освежување.
Токму овде можете да го најдете решението.

Силниот мирис на сицилијански лимон и мандарина, се чини како да успешно се интегрирани во базата на оваа композиција. Иако карактеристични како врвни ноти, нивното присуство е нагласено и доминира низ целиот развој на парфемот.

Успешно решение во стилот и потписот на Versace - забележлива екстравагантност, која започнува со впечатлив настап уште на самиот почеток. Нежното присуство на букет скромни нежни ноти од фрезија, цвет од портокал и јасмин ја дава летната свежина на тивкиот ветрец кој пирка покрај крајбрежјето на морето...
Базата, карактеристична за Versace, не проаѓа ако нема мошус, патчули и бели дрвенести ноти, кои овојпат се дополнети со амброксан.

Не сакам да компарирам различни дизајнерски куќи, но морам да кажам дека оваа верзија страшно ме враќа и потсетува на Light Blue D&G. Ненадминливата едноставност на свежина која може да ја даде еден парфем, ја имплементираат сите креаторски куќи.

Eros е решението на Versace.
Уникатно и многу успешно.

Версаче 2018 - Мистичниот Crystal Noir

Магичната необјаснива привлечност на мистичниот мошус и букет во Crystal noir плени со својот полн сјај буквално секојпат кога имам шанса да го користам овој парфем.

Гламур достоен за дама. Дневен јак впечаток за деловна жена или ненаметлив суптилен додаток за вечерни настани.

A must have.
Комбинација на неодоливи сензуални ноти која ќе ве плени уште од првата средба.

Целата елеганција на вечерната тоалета дополнета со овој мирис, дава истакната сензуалност на женственоста, и остава незаборавлив впечаток долго потоа...

Идеално искомбинирани мошусови ноти, капки есенција од расцветани рози, допир свежина од ориентот... мистичност... За храбрите жени кои се моќни заводнички.

Сакате силен потпис? Ова е мирис кој нема да ве изневери!

Пролет 2018 со Versace

Dylan Blue. Новитетот на оваа дизајнерска куќа. Сосема достоен претставник на потписот на Версаче. Истрајниот тивок акцент на воздушести ноти од бели пупки на јасмин и петалија, дополнети со цвет од детелина, целосно ја нагласува пролетната инспирација на оваа композиција. 

Откако нотите ќе се развијат и првичниот впечаток на лесен ветрец треба да избледи, пролетта сеуште останува нагласена во срцевината на мирисот. Ги полни сетилата со силно присуство на расцветани пролетни цветови, подвлечени во база со дрвенести ноти и бел чај...

Овошкастиот мирис на зелено јаболко и само капка присутна праска ја навестува заводливоста, истакната со белиот мошус... Романтична и заводлива, но само откако ќе ве навлече со својата скромност... Неповторливо искуство.

Има тука уште нешто. Таинствено и интригантно, а со толку отворен настап. Styrax - дефинитивно состојка која не можев лесно да ја препознаам, а е присутна низ целиот развој на овој мирис. Составен дел од базата, ја носи основната карактеристика за препознатливост на неговата уникатност.

Индиго сино шишенце за впечатлив декор на рафтот. Класа.