disable copy

Saturday, September 14, 2013

Мирисна инспирација Рефан 136

Цветен букет со ориентални ноти.

Мирисајќи го овој парфем, го доживувам моментот на свеж летен воздух во просторија полна со букет летно цвеќе, шарени бело-розеви цветови штотуку набрани од градината. Пиркањето на лесниот ветрец носи мирис на калинка и слаткасто овошје. Смиреност која дава енергија за остатокот на денот.

Лесен, ненаметлив, но јасно изразен парфем го изразува дружељубивиот карактер на расположени енергични личности.

Тропското овошје јузу и калинка се главната приказна на овој парфем. Мешавината со бело цвеќе, розева магнолија и лотус даваат пријатно ненаметливо чувство на пријателство и расположение, дополнети со заводливоста на бел мошус, топол летен морски бран, амбер и махагоново дрво.