disable copy

Friday, April 4, 2014

Денот со мирисот на Refan 324

Кога денот ми започнува со изобилство на енергија, а сакам да го поминам лежерно и расположено, можам да го носам овој парфем...
Се отвара меко и нежно, со доминантна и истовремено ванилеста нота на почетокот, која се задржува долго време...сакам да ме опкружува и ме топли секојпат кога ке земам здив, иако свежото ладникво време ме тера да седам облечена во палто...
Мирисот на суво овошје и бели цветови се меша и мириса како испарувањето на топол овошен чај засладен со ванила...смирува и успокојува. Неверојатна ароматерапија.

Многу пријатна комбинација, како целта на создавањето на овој парфем да бил исклучиво добитна комбинација, селебрити стил, мирис на кој секој што ќе го мирисне позитивно ќе реагира.

Дрвенестите ноти започнуваат да се чувствуваат после првиот бран на врвот, но сеуште како бледа сенка покрај слатката ванилеста доминација.
Длабоко мистериозен и истовремено срамежлив, слаткасто карамелен со сушено овошје, ориентално инспириран иако не целосно нападен, со присуство на роза која дава силно тешко но и свежесто присуство.
Има комбинација на цветови како да се измешани свежиот Клое и цветниот Кензо со основа на слатка Ванила...тежок парфем во лесна варијанта, превзема доминација со своето постојано и силно присуство. Ова е парфем кој или ќе го сакате или нема. Не е парфем за сечиј вкус, иако така ветува на почетокот.

Понекојпат парфемот мора да се адаптира на кожата, а овој е баш ваков вид на мирис...ако се развие хемијата со вашата кожа, можеби сте го нашле вашиот авторски мирис. Мора да се проба неколкупати - во различни расположенија - за да го дознаете тоа.

На мене денеска совршено стои, идеално ме успокојува и грее.