disable copy

Saturday, May 10, 2014

Осврт на Рефан 193

Мирис кој слободно можеме да го вброиме во групата на "класици" меѓу мирисите. Неодоллив, допадлив мирис, срамежливо и постојано присутен, мирис кој го одбележува Вашето присуство на ненаметлив начин.

Светлата композиција е составена од бели цветови и деликатни зачини. Нежните пудрести ноти на фрезија, лушпа од праска, пеонија и бел мошус водат кон срцевината на мирисот составена од бели цветови, иланг-иланг и роза.

Базата е составена од дрвенести лесни енергетски ноти од свежо мелени зрна на кафе и допир на темјан за сензуалност. Како нежен шепот, женствен и суптилен, лесен, со забележливо присуство. 

Главни акорди на овој мирис се цветни, мошусни, зелени и балзамични ноти, дополнети со дрвенести ноти и топли зачини.

Нежно ориентален парфем кој е неопходно решение за секоја суптилна и сензуална дама.