disable copy

Thursday, June 27, 2013

Правилно нанесете го својот парфем

Вистинскиот избор на парфем Ви дава стил, самодоверба и многу енергија. Но сепак, и вистинскиот парфем може да даде лоши резултати ако не е нанесен правилно.

Ставете малку од мирисот на пулсирачките точки на Вашето тело - на дното до дланката или внатрешниот дел на раката под лактот. Ова од причина што овде имаме повеќе топлина на телото и мирисот побрзо се развива, па така веднаш ќе можете да уживате во развојот на парфемните ноти. Втријувањето на мирисот на кожата, иако многумина го практикуваат - сметам дека е погрешно - најдобро е да распрснете и оставите да се исуши по природен пат. Вака ќе ја задржите хемијата на парфемот со тоа што правилно ќе се распределат мирисните молекули на кожата.

Кога ставате парфем, распрснете го од далечина од 10-15 сантиметри. Ова сепак зависи и од јачината на мриисот, па така, ако користите многу силен мирис, оваа далечна може да се зголеми, или соодветно, да се намали ако ставате некој лесен мирис.

Нанесете го на претходно подготвена чиста кожа. Доколку имате безмирисен лосион за тело, нанесете малку од него, зашто добро хидрирана кожа многу подолго го задржува мирисот отколку сува кожа. Уште подобро, доколку веќе сте се решиле да користите еден парфем, нанесете парфимиран хидратантен лосион со истиот мирис - ова во голема мера ќе ја продолжи трајноста на вашиот омилен парфем.

И најважно, не нанесувајте парфемна вода на веќе испотена кожа. Најдобро е да нанесете после туширање. Затоа, веднаш под туш, па потоа - дотерувајте се...:)

Tuesday, June 25, 2013

Мирисна инспирација Рефан 226

Машкиот парфем на кој ќе се осврнам денес е Рефан 226 (варијација на Аква ди Џио Мен).

Веднаш по нанесувањето ве заплискува со цитрусна свежина на лимон зачинет со бело цветче на јасмин. Свежа енергија која и во најтоплиот летен ден ќе ви вдахне енергија за да здивнете и добите нов наплив на сила.

Откако ќе се сталожат првите ноти, после 10-тина минути, остануваат да лебдат во просторот мирисни молекули на зачини и лесни цветови, токму толку, колку што е потребно за да оставите впечаток на енергична личност, модерна, софистицирана и елегантна.
Дрвенестите ноти од амбер и пачули кои остануваат да траат долго потоа, оставаат незаборавен потпис на вашето присуство.

Тука некаде, цело време се присутни акватичните ноти, кои го прават овој мирис да биде лесен и прифатлив за повеќе вкусови. Мал допир на бел мошус остава забележлива трага која секој што има истенчен вкус ќе ја примети. Заради овој момент, можете да бидете сигурни дека ќе добиете позитивни коментари од повеќе ваши пријатели (и пријателки, се разбира :) )

Младешка елеганција која кога ќе ја искомбинирате со темен костум, елегантни чевли, и светла кошула, ќе бидете впечатливи помеѓу луѓето, и ќе се чувствувате непобедливо на секоја деловна средба.

Saturday, June 22, 2013

Како да изберете парфем според изгледот?


Секоја жена знае дека понекогаш не е лесно да се избере парфем. Некои препорачуваат да изберете парфем според хороскопскиот знак или темпераментот, некои препорачуваат да се бараат парфеми од сезоната, па дури и според бојата на косата. Има еден начин, кој во 90% од случаите ќе Ви помогне да го изберете вашиот мирис. Овој избор е направен според типот на женскот карактер и изглед.

1. ТИП Жени на пролетта зрачат со енергија и свежина. Тие се карактеризираат со свежина и чистота, и покрај природниот и кревок изглед, имаат одреден вид на ведрина. Затоа, тие ќе се пронајдат во духот на свежи мириси кои потсетуваат на овошја и плодови и асоцираат на зеленило.

Пробајте со мирис:
Рефан 100 (инспиран од Chloe by Chloe),
Рефан 106 (инспиран од Be Delicious by Dona Karan),
Рефан 125 (инспиран од Premier Jour by Nina Ricci),
Рефан 146 (инспиран од Leau de Kenzo),
Рефан 185 (инспиран од Aura by Swarowski),
Рефан 196 (инспиран од Gucci Rush I- by Gucci),
Рефан 012 (инспиран од Golden Delicious by Versace).

2. ТИП Жени на летото: Даваат впечаток на избалансирана личност, а се воздржани и потсетуваат на прекрасните жени од сликите на Реноар. Малку аристократски, малку театрални, малку недостапни. За жените од типот "Лето", најдобар избор на парфеми се од класата на т.н. алдехидни парфеми.

Можете да одберете помеѓу:
Рефан 193 (инспиран од Noa by Cacharel),
Рефан 133 (инспиран од D&G femme),
Рефан 122 (инспиран од Burberry weekend by Burberry),
Рефан 191 (инспиран од Eclat d'Aprege by Lanvin),
Рефан 119 (инспиран од Idole by Armani),
Рефан 165 (инспиран од Joy of Pink by Lacoste),
Рефан 312 (инспиран од Valentino).

ТИП Жени на есента: се енергични, сигурни, одлучни. Според својата природа спаѓа во успешни тип, одмерени, ја комбинираат страста, сентименталноста и добрина, а немаат недостиг на независноста. Ниц можете да ги воодушевите со парфем со ориентална арома. Тие се - тешки, лути, бујни, сензуални, зачинети, елегантени и секси.

Можете да одберете помеѓу:
Рефан 154 (инспиран од Very Irresistible by Givenchy),
Рефан 141 (инспиран од Play for her by Givenchy),
Рефан 134 (инспиран од Versace femme by Versace),
Рефан 120 (инспиран од Womanity by Mugler),
Рефан 028 (инспиран од Essence Eau de Musk by N.Rodriguez),
Рефан 011 (инспиран од Black L’exces by Paco Rabanne),
Рефан 024 (инспиран од EDP by Roberto Cavalli),
Рефан 197 (инспиран од Lacoste pour femme by Lacoste).

ТИП Жени на зимата жени кои изгледаат независни. Тие не се карактеризираат со природоста, нежноста и топлината на летото и есента. Од нив доаѓа ладна воздржаност, која делумно ја покажуваат. Овој тип на жени имаат силни еротска аура, но во исто време - ладна изолираност. Тоа ги прави мистериозни, заводливи и пожелни. Тие треба  да се импресионираат од парфем кој ќе го ублажи нивното студенило и во исто време ќе ја истакна нивната мистика. Идеалниот парфем содржи мирис на килибар и мошус и пачули и сандаловото дрво.

Можете да одберете помеѓу:
Рефан 139 (инспиран од Angel by Mugler),
Рефан 108 (инспиран од Paloma Picasso),
Рефан 107 (инспиран од Opium by YSL),
Рефан 101 (инспиран од Chanel 5 by Chanel),
Рефан 126 (инспиран од L’Imperatrice by D&G),
Рефан 017 (инспиран од Aire Loewe by Loewe),

Рефан 020 (инспиран од EDP by Narciso Rodriguez).



Или сепак следете го Вашиот инстинкт и додадете друг мирис во морето парфеми кои ги има на понуда. Дополнете со парфимиран хидратантен лосион или гел за туширање од истиот мирис за продолжена трајност на парфемот.

Wednesday, June 19, 2013

Мирисна инспирација РЕФАН 017

Силен, впечатлив, свежо-горчлив почеток. За жени со стил. Некако потсетува на вечери исполнети со гламур и елеганција во воздухот......на жени со стил, ама со карактер. Ја крева енергијата моментално.

После првите три минути, останува првиот впечаток да лебди помеѓу слаби цветни нежни и ненаметливи ноти. И штом си помислив дека е еден од оние мириси кои имаат само една мирисна линија, која од почеток до крај е иста, се издиференцируваат цветни ноти на зачинет босилек, пријатен мирис на роза и момина солза или јасмин.

Зеленикава нежност на парфемот се отсликува со топли ноти на крајот. Кога ќе го дочекате развојот на парфемот, всушност ќе Ве прегрне со цветно-цитрусна композиција која ќе ја обожувате.
Парфем за жени од сите возрасти.

Tuesday, June 18, 2013

Мирисна инспирација ,Рефан 100

Мирис кој веќе цела недела ми е фаворит број 1.
Се отвара со пудреста свежина која ме тера да го задржам здивот што подолго за да го чувствувам мирисот што подолго. И повторно вдишувам со полн здив. Прекрасно.

Посебна свежина ми додава кога мирисот се шири околу мене во овие жешки денови. Веројатно бидејќи ме потсетува на утринско свежо ветре што пирка покрај плажа носејќи го мирисот на испарената езерска вода, измешан со мирисот на букетот свежи цвеќенца од нежни рози и бели цветчиња.

После неколку минути, станува поблизок мирисот на букетот цвеќе, а започнува да се меша со примеси на амбер кој доооолго потоа го чувствувам секогаш кога ќе поминам со раката покрај главата.

Лесен мирис кој може да се комбинира со лежерен стилски изглед, а подеднакво успешно и со строг "office wear look" за денови исполнети со тешка спарина во воздухот.

Мирисите влијаат на расположението и здравјето

Познавањето на ароматерапијата потекнува уште од старите времиња. Египќаните и Римјаните ги користеле мирисите во ароматерапевтски цели. Различни мириси се користат и во медицински цели, за олеснување и поттикнување на породувањето, за одржување на здраво тело, а исто така тие биле користени како мирисни масла и парфемни води, и средства за одржување на младоста и убавината. Да не го изоставиме фактот дека мирисите отсекогаш се составен дел на уметноста на заведување.
Во суштина на природата е да се поврзуваат сетилата со звуци, боја, светлина, мирис, за да може еден обичен човек да се чувствува целосно и да ја има целата слика на моменталното опкружување пред себе.
Веројатно малкумина од нас сваќаме колку е важно за нас да мирисаме. Но, се разбира, секој сака да мириса добро и да оддаваме само пријатни мириси. Е, сега пак, исто така малку луѓе знаат дека мирисот може да ни предизвика депресија, да го влоши расположението, да предизвика замор и раздразливост. Некои мириси ја зголемуваат ефикасноста, додека други напротив ја намалуваат. 


Светот во кој живееме е исполнет со пријатни мириси. Тие се насекаде околу нас, иако тие не можат да се видат или допрат. Тие имаат лековит ефект врз телото, можат да се користат за подобрување на благосостојба на организмот, расположението и состојбата на умот.
Научните истражувања покажуваат дека одговорот на телото на синтетички и природни мириса сосема поинаква, дури и ако оваа разлика не се чувствува со помош на нашето сетило за мирис. Тоа е многу важно за секого.
Однадвор, односно мирисот - може да биде ист, но, парфеми, врз база на синтетички компоненти ни даваат само мирис, додека парфеми на природна основа - делуваат со ароматерапевтски ефект.

Monday, June 17, 2013

Парфеми РЕФАН

“Парфем: мешавина од миризливи есенцијални масла и ароматични состојки, фиксатори и растварачи, составени за да креираат, модифицираат или разбудат спомени”

Ете колку е моќен парфемот.

И додека се жалиме како е скап животот денес, не секој може да си дозволи мало шишенце полно со ароматична течност, која на некој начин за повеќе луѓе претставува и луксуз, на македонскиот пазар кај нас, веќе 15-та година постои и успешно се продава брендот на парфеми РЕФАН. Светски бренд, присутен и во цела Европа и пошироко. Економичен избор што секој може да си ги дозволи. И докажан квалитет без отстапки. Изобилие од парфемни води, каде малку луѓе можат да се снајдат во еден ден. Во таа богата понуда на мириси, ретко кој ќе успее да се снајде без помошта на продавачите.

Најзадоволен е човек кога знае што сака. Зашто многу лесно ќе го пронајде бараниот мирис.
Но, без лутење, зашто многу од нас сме си купиле мирис и без да знаеме дека сме тргнале баш по него. Зашто во моментот кога го мирисаме, се случува нешто прекрасно (или не баш толку прекрасно) заради чувствата кои ни ги побудува таа арома.

И додека ставаме парфем на пулсирачката точка на раката, тој започнува со мирисна комбинација од три врвни ноти, ширејќи се во просторот за после само некоја минута да добие поразлична нота на миризба. Развивајќи ја својата опојност, завршува после околу 5-10 минути, останувајќи да мириса последната, базна и основна комбинација на мирис ноти, која долго потоа се чувствува на нас.
И секогаш кога случајно ќе поминеме со раката пред носот, се шири таа пријатна миризба која нас не исполнува со прекрасни чувства.

Ете тоа е значењето на мирисот.
Многу е лесно да додадеме мала доза на свежина и задоволство во стресниот ден, и да си дозволиме момент на релаксација барем на неколку секунди...

Овде ќе се обидам да ги опишам моите омилени мирисни ноти, кои ме релаксираат и додаваат насмевка на моето лице, дури и кога не знам на што конкретно ме потсетуваат.
Едноставно будат убави чувства!

Добредојдовте :)

Здраво!

Добредојдовте на мојот блог :)

Уживајте додека и следите освртите на моите дневни парфемчиња и производи со уникатни мириси.

Споделете го своето искуство (ако го имате) или пак споделете ја мојата приказна со уште некој пријател. Би сакала да прочитам и други осврти на мирисите - од Ваш агол.

Се читаме!