disable copy

Monday, July 29, 2013

Мирисна инспирација Рефан 121

Модерна приказна за тинејџерска возраст.

Оваа карактеристика го одредува составот од лесни цветно-цитрусни мешавини на мириси, со зашеќерени овошја.

Уште при самото нанесување на овој мирис Ве заплискува лесна арома на бело јаболко измешано со свежи цирусни ноти на лимета и лимон......Но срцевината се изразува со благи чоколадни мириси и ароми на ванила, кои ве внесуваат во слатка приказна исполнета со безгрижност, топлина и фантазија.

Кедарот и белиот мошус како основа на овој парфем, присутни за цело времетраење на аромата, ја дополнуваат приказната со мекост и неодолива сензуалност.

Лесен парфем кој ќе го дополни денот со многу инспирација и енергија!

Thursday, July 25, 2013

Мирисна инспирација Рефан 140

Перфектен мирис за енергична жена!

Мешвина на ноти од јаболко и лимон опива и инстантно дава енергија. Жолтата фрезија, егзотични овошја, сандалово дрво и мошусот креираат неодоливост, женственост и заводливост секојпат кога повторно ќе вдишите од свежината.

Акватична нота на Рефан 140 дава дополнителна леснина кога го носите овој парфем.

Вистински летен избор за посебно топлите денови. Не само што освежува, туку и дополнително ги полни батериите за да го издржиме напорот на секојдневието.

Моментот на мошус креира неодоливост, а сандаловото дрво и кедарот, толку тивки, со своето ненаметливо присуство го дополнуваат колажот на прекрасни чувства кои ги предизвикуваат.

Прекрасен мирис! Сакам СЕ во врска со него.



Wednesday, July 17, 2013

Мирисна инспирација Рефан 320

Ајде малце да се осврнеме на урбаните девојки. Мирис кој многу потсетува на кремчиња, декоратива, сјајчиња, елегантен изглед, пудрести детали...Нова варијација во колекцијата на Рефан - 320. Идеално дополнување на комплетниот, елегантен, среден изглед.

При самото нанесување Ве заплискува свежо - слатка комбинација со додаток на пудрести ноти. На прв впечаток Ве освојува мирисот на слатки цреши изблендирани со слатко-горчливи бадеми и бергамот. Мала нијанса на црвени рибизли му додава специфичен мирис на почетокот.

Аромата на сладок корен освојува на прв впечаток, и трае долго до крајот. Можеби засилен со слаба ванила во комбинација на водени ноти на темен чај. И нежен цветен букет од рози и ирис.

Бергамотот останува да биде доминантен и сеуште трае дури и после средните ноти.

Свеж, мистичен и воодушевувачки мирис.


Многу веројатно е дека многу девојки ќе се пронајдат во овој мирис, но сеуште стои општопознатото правило - дека еден ист мирис може различно да мириса на различна кожа - затоа најпрво пробајте го, и потоа одлучете дали е ова Вашиот парфем.


http://all-free-download.com/

Thursday, July 11, 2013

Мирисна инспирација Рефан 180

или неодоливо заводлив женски парфем Jasmine Noir.
Замислен како парфем створен за сите кои сакаат парфем со вистински престиж! 
Се отвара со силен и мек мирис гарденија и јасмин. И ненаметливи, суптилни, дрвенести ноти на зрнца од тонка и бадеми со додаток на зелена свежина. 
Најпосле по сите цветни ноти се издвојува свеж природен мошус. Со мала примеса на женствена пудреста нота која го дополнува воодушевувањето.

Женствен парфем и лесен за носење. Дури и ако мислите дека цветните мириси се претешки за вас, овој можеби ќе можете да го толерирате. 
Балзамичен и нежен, многу потсетува на Secret Obsession CK. 
Како да седите во ладна квечерина во градина преполна со расцветано цвеќе. Свеж ветрец пирка во воздухот носејќи ви дел од мирисот на блиската ливада во пролет. Смирувачки и неодоливо чувство.

Friday, July 5, 2013

Мирисна инспирација Рефан 246

Нешто за посилниот пол. За малку свежина во овие топли денови... Доколку се одлучите да го пробате мирисот Aqua од Bvlgari, уште од самoто нанесување ќе ве заплиска свежина која ќе завладее со сите ваши сетила.

Почетниот морски мирис кој како топол морски ветер го носи мирисот на свежите портокали моментално враќа спомени од некоја пријатна прошетка покрај плодови дрвја.
Петитгранот ја дефинира свежо-цитрусната луткаста нота која не доминира но одлично ја дополнува морската свежина со моментот на мирисни мандарини.
Почетната презентација во следните петнаесетина минути преоѓа во лесна смиреност која ја дава мешавината на лаванда со бели нежни цветови. Релаксираноста предизвикана од лавандовиот мирис се дополнува со лесни дрвенести ноти и ноти на благ слаткаст земјен амбер.

Дефинитивно препорачувам за да дополните малку свежина во летото!

Пробајте да видите како овој мирис ќе се адаптира на вашата кожа, и оставете коментар за вашето мислење.

Wednesday, July 3, 2013

Мирисна инспирација Рефан 173

Мирис кој веќе може да се вброи во класиците помеѓу парфемите, Hypnotic Poison by C. Dior.

Ориентална ванила која останува доминантна нота од почетокот до крајот. Опкружувањето на почетокот го сочинуваат кокосови ноти кои некако стануваат доминантни после првиот впечаток. Ублажени со мирис на бадеми, овој мирис се задржува со истата комбинација до крај. Присутните неодминливи цветни ноти на рози се чувствуваат неприметно, колку да додадат на еуфоријата која се чувствува со ванилата и кокосот.

Ова е еден од оние мириси на кој човек "се навлекува". Иако можам да го категоризирам како "зимски", одлични емоции предизвикува секогаш кога ќе го нанесам, дури и летно време. Сепак, само во летни и свежи квечерини, кога топлината од воздухот започнува исчезнува.
Заводлив мирис, кој секојпат кога ќе го ставите - сигурно ќе добиете позитивни комплименти за изгледот и аурата со која зрачите!

Monday, July 1, 2013

Мирисна инспирација Рефан 189

Или најбараниот мирис на кој модата никако да му помине Light Blue woman D&G.
Започнува со остра цитрусна нота која потсетува на лимета - горчливо цитрусен мирис. Неодолива нота која прави моментално да се почувствувате освежено иако надвор температурата можеби е неподносливо висока.
Во првите 10-15 минути го задржува истиот мирис и дури потоа започнувам да ги чувствувам белите цветни ноти како јасмин и бели рози. тука се но толку ненагласени, само ја оомекнуваат острината на почетниот и сеуште силен цитрус. Мошусот и нежен амбер е моментот на мирис кој се задржува дооолго по нанесувањето, и заедно со сеуште присутниот и доминанетн лимон го прават неодолив и секојпат интересен.
Летен мирис дефинитивно. Мислам дека дури и да се размислувате што да одберете за подарок, многу мала е веројатноста да згрешите ако го одберете токму овој парфем.

Темјан

Го сакате ли мирисот на темјан? Најчесто се користи во религиозните обреди, и многумина имаат различен став за темјанот баш затоа. Сепак, како силна составна нота во мирисот, го има во некои парфеми. Сигурно не сте ни помислиле дека можеби го има баш во вашиот парфем.

Доколку користите некој од овие паргеми, вие сте фан на оввој мирис. Проверете!

Obsession Calvin Klein (women) (амбер зачини и темјан)

Kenzo Amour (како топ ноти ги има ванилата и темјанот)

Gucci Homme (темјан)

Tom Ford women (после чоколадото и бели цветчиња, доаѓа мирисот на темјан измешан со ванила и зачини)

Loewe 7 Men (темјан со дрвенести ноти на ветивер и црн бибер)