disable copy

Thursday, May 3, 2018

Пролет 2018 со Versace

Dylan Blue. Новитетот на оваа дизајнерска куќа. Сосема достоен претставник на потписот на Версаче. Истрајниот тивок акцент на воздушести ноти од бели пупки на јасмин и петалија, дополнети со цвет од детелина, целосно ја нагласува пролетната инспирација на оваа композиција. 

Откако нотите ќе се развијат и првичниот впечаток на лесен ветрец треба да избледи, пролетта сеуште останува нагласена во срцевината на мирисот. Ги полни сетилата со силно присуство на расцветани пролетни цветови, подвлечени во база со дрвенести ноти и бел чај...

Овошкастиот мирис на зелено јаболко и само капка присутна праска ја навестува заводливоста, истакната со белиот мошус... Романтична и заводлива, но само откако ќе ве навлече со својата скромност... Неповторливо искуство.

Има тука уште нешто. Таинствено и интригантно, а со толку отворен настап. Styrax - дефинитивно состојка која не можев лесно да ја препознаам, а е присутна низ целиот развој на овој мирис. Составен дел од базата, ја носи основната карактеристика за препознатливост на неговата уникатност.

Индиго сино шишенце за впечатлив декор на рафтот. Класа.

No comments:

Post a Comment