disable copy

Saturday, June 9, 2018

Eau de parfum Tiffany & Co.

Последен парфем кој ми остави многу силен впечаток: Eau de parfum Tiffany& Co.

Силен почеток на горните ноти на зелена свежина, која силно потсетува на цитрусна мандарина, а всушност е само екстракт од гранче на мандарина.

Долго се чувствува почетокот, кој иако избледува со развојот на мирисот, сепак е срамежливо и постојано присутен и во средината, која пак, е едноставна, и составена само од еден цвет - Ирис.

Добитна комбинација.

Впечатокот е подвлечен со постојаното присуство на заводливиот мошус, состојка која дава неодолив шарм штом еднаш се нанесе на кожата. Патчули е уште една состојка употребена во потписот на оваа креаторска куќа.

Штом дојдов во допир со овој мирис, неодоливо ме освои дизајнот на шишенцето, кое како да е анатомски создадено да се лизне во вашата дланка и да остане таму. Формата која потсетува на дијамант пак, од своја страна, дава неодолива елеганција и симболизира престиж. 

Тиркизната боја само го дополнува целото искуство, асоцирајќи на академски висини, морска смиреност и елеганција. 

Сигурна сум дека штом еднаш ќе се најде на вашиот рафт, долго време нема да го замените со друг.

No comments:

Post a Comment