disable copy

Thursday, June 27, 2013

Правилно нанесете го својот парфем

Вистинскиот избор на парфем Ви дава стил, самодоверба и многу енергија. Но сепак, и вистинскиот парфем може да даде лоши резултати ако не е нанесен правилно.

Ставете малку од мирисот на пулсирачките точки на Вашето тело - на дното до дланката или внатрешниот дел на раката под лактот. Ова од причина што овде имаме повеќе топлина на телото и мирисот побрзо се развива, па така веднаш ќе можете да уживате во развојот на парфемните ноти. Втријувањето на мирисот на кожата, иако многумина го практикуваат - сметам дека е погрешно - најдобро е да распрснете и оставите да се исуши по природен пат. Вака ќе ја задржите хемијата на парфемот со тоа што правилно ќе се распределат мирисните молекули на кожата.

Кога ставате парфем, распрснете го од далечина од 10-15 сантиметри. Ова сепак зависи и од јачината на мриисот, па така, ако користите многу силен мирис, оваа далечна може да се зголеми, или соодветно, да се намали ако ставате некој лесен мирис.

Нанесете го на претходно подготвена чиста кожа. Доколку имате безмирисен лосион за тело, нанесете малку од него, зашто добро хидрирана кожа многу подолго го задржува мирисот отколку сува кожа. Уште подобро, доколку веќе сте се решиле да користите еден парфем, нанесете парфимиран хидратантен лосион со истиот мирис - ова во голема мера ќе ја продолжи трајноста на вашиот омилен парфем.

И најважно, не нанесувајте парфемна вода на веќе испотена кожа. Најдобро е да нанесете после туширање. Затоа, веднаш под туш, па потоа - дотерувајте се...:)

No comments:

Post a Comment