disable copy

Tuesday, June 25, 2013

Мирисна инспирација Рефан 226

Машкиот парфем на кој ќе се осврнам денес е Рефан 226 (варијација на Аква ди Џио Мен).

Веднаш по нанесувањето ве заплискува со цитрусна свежина на лимон зачинет со бело цветче на јасмин. Свежа енергија која и во најтоплиот летен ден ќе ви вдахне енергија за да здивнете и добите нов наплив на сила.

Откако ќе се сталожат првите ноти, после 10-тина минути, остануваат да лебдат во просторот мирисни молекули на зачини и лесни цветови, токму толку, колку што е потребно за да оставите впечаток на енергична личност, модерна, софистицирана и елегантна.
Дрвенестите ноти од амбер и пачули кои остануваат да траат долго потоа, оставаат незаборавен потпис на вашето присуство.

Тука некаде, цело време се присутни акватичните ноти, кои го прават овој мирис да биде лесен и прифатлив за повеќе вкусови. Мал допир на бел мошус остава забележлива трага која секој што има истенчен вкус ќе ја примети. Заради овој момент, можете да бидете сигурни дека ќе добиете позитивни коментари од повеќе ваши пријатели (и пријателки, се разбира :) )

Младешка елеганција која кога ќе ја искомбинирате со темен костум, елегантни чевли, и светла кошула, ќе бидете впечатливи помеѓу луѓето, и ќе се чувствувате непобедливо на секоја деловна средба.

No comments:

Post a Comment