Мирис кој веќе цела недела ми е фаворит број 1.
Се отвара со пудреста свежина која ме тера да го задржам здивот што подолго за да го чувствувам мирисот што подолго. И повторно вдишувам со полн здив. Прекрасно.
Посебна свежина ми додава кога мирисот се шири околу мене во овие жешки денови. Веројатно бидејќи ме потсетува на утринско свежо ветре што пирка покрај плажа носејќи го мирисот на испарената езерска вода, измешан со мирисот на букетот свежи цвеќенца од нежни рози и бели цветчиња.
После неколку минути, станува поблизок мирисот на букетот цвеќе, а започнува да се меша со примеси на амбер кој доооолго потоа го чувствувам секогаш кога ќе поминам со раката покрај главата.
Лесен мирис кој може да се комбинира со лежерен стилски изглед, а подеднакво успешно и со строг "office wear look" за денови исполнети со тешка спарина во воздухот.
No comments:
Post a Comment