“Парфем: мешавина од миризливи есенцијални масла и ароматични состојки, фиксатори и растварачи, составени за да креираат, модифицираат или разбудат спомени”
Ете колку е моќен парфемот.
И додека се жалиме како е скап животот денес, не секој може да си дозволи мало шишенце полно со ароматична течност, која на некој начин за повеќе луѓе претставува и луксуз, на македонскиот пазар кај нас, веќе 15-та година постои и успешно се продава брендот на парфеми РЕФАН. Светски бренд, присутен и во цела Европа и пошироко. Економичен избор што секој може да си ги дозволи. И докажан квалитет без отстапки. Изобилие од парфемни води, каде малку луѓе можат да се снајдат во еден ден. Во таа богата понуда на мириси, ретко кој ќе успее да се снајде без помошта на продавачите.
Најзадоволен е човек кога знае што сака. Зашто многу лесно ќе го пронајде бараниот мирис.
Но, без лутење, зашто многу од нас сме си купиле мирис и без да знаеме дека сме тргнале баш по него. Зашто во моментот кога го мирисаме, се случува нешто прекрасно (или не баш толку прекрасно) заради чувствата кои ни ги побудува таа арома.
И додека ставаме парфем на пулсирачката точка на раката, тој започнува со мирисна комбинација од три врвни ноти, ширејќи се во просторот за после само некоја минута да добие поразлична нота на миризба. Развивајќи ја својата опојност, завршува после околу 5-10 минути, останувајќи да мириса последната, базна и основна комбинација на мирис ноти, која долго потоа се чувствува на нас.
И секогаш кога случајно ќе поминеме со раката пред носот, се шири таа пријатна миризба која нас не исполнува со прекрасни чувства.
Ете тоа е значењето на мирисот.
Многу е лесно да додадеме мала доза на свежина и задоволство во стресниот ден, и да си дозволиме момент на релаксација барем на неколку секунди...
Овде ќе се обидам да ги опишам моите омилени мирисни ноти, кои ме релаксираат и додаваат насмевка на моето лице, дури и кога не знам на што конкретно ме потсетуваат.
Едноставно будат убави чувства!
No comments:
Post a Comment